
Вкрстено испрашување на градежните вештаци
Случајот во моментов се наоѓа во доказна постапка и треба да продолжи со вкрстено испрашување на тимот градежни вештаци кои го изработиле градежното вештачење на Обвинителството. На минатото рочиште, одбраната на обвинетите упати серија прашања кон експертите од Градежниот факултет при УКИМ, професорот Горан Марковски и професорката Душица Анѓелковиќ, кои главно се однесуваа на урбанистичкиот статус на опожарениот објект.
„Со распитот на тимот вештаци се очекува да заврши доказната постапка на Обвинителството, по што одбраната треба да почне со изведување на своите докази.“
Трагедија што ја зави Македонија во црно
-
Пиво
699 ден
524.25 ден
Судскиот процес го води судијката Дијана Груевска-Илиевска, додека сериозноста и обемноста на предметот ја отсликува и фактот што обвинението го застапува тим од дури 15 јавни обвинители. Пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани избувна на 16 март 2025 година, за време на настап на музичката група ДНК. Во огнената стихија трагично загинаа 63 лица, а над 200 посетители беа повредени, оставајќи трајна лузна во колективната меморија на нацијата.


