
Прекртница во војната: Украина развива сопствен „штит“ против руските ракети
Украинскиот претседател Володимир Зеленски најави амбициозен стратешки план – земјата да започне со масовно производство на домашни системи за противвоздушна одбрана (ПВО) и ракети. На свеченоста по повод Денот на дипломатите, тој истакна дека ова е клучниот чекор што ќе го промени балансот на моќта во регионот и ќе ја зацврсти позицијата на Украина како лидер во воената индустрија во Европа.
„Блиску сме до целта“
-
Петок
699 ден
524.25 ден
Иако призна дека станува збор за исклучително сложена задача која бара време, Зеленски потврди дека украинските специјалисти веќе работат на случајот и се „блиску до постигнување резултати“. Планот вклучува самостојно производство или соработка со стратешките партнери, додека паралелно продолжува набавката на системи од западните сојузници за тековните потреби на фронтот.


