
Градоначалникот Бобан Стефковски информираше дека во координација со Центарот за јавно здравје интензивно се работи на терен. Одделението за заштита и спасување веќе спроведе итна дополнителна терестичка адултицидна дезинсекција на повеќе критични локации низ општината.
Критичните локации под постојан третман
Со овој вонреден третман се опфаќаат сите приоритетни точки во Гази Баба. Превентивното делување ќе продолжи и во наредните денови, строго следејќи ги актуелната состојба и стручните препораки од надлежните здравствени институции.
„Надлежните служби ја следат состојбата и се преземаат сите неопходни мерки и активности со цел намалување на ризикот и заштита на населението. Нема простор за паника, но потребни се внимателност и одговорност,“ истакна Стефковски.
Апел за внимателност во сопствените дворови
Градоначалникот упати и посебен апел до сите жители да се вклучат активно во превенцијата. Се препорачува граѓаните да не оставаат садови и површини со застоена вода во дворовите, на терасите и околу домовите, бидејќи тие претставуваат идеална средина за размножување на комарците кои ја пренесуваат болеста.
-
Хемија
699 ден
524.25 ден -
Бетмен силуета
699 ден
524.25 ден -
La Linea v5
699 ден
524.25 ден -
La Linea v12
699 ден
524.25 ден -
Кафе пауза на месечината
699 ден
524.25 ден -
Никогаш да не се заборави
699 ден
524.25 ден







