
Почина и третиот обвинет во случајот „Кадиева“: Гинекологот Венци Чалков не ја дочека издржувањето на затворската казна
Само неколку дена откако Врховниот суд ја објави конечната пресуда за трагичната смрт на родилката Маја Кадиева и нејзиното бебе, почина гинекологот Венци Чалков од Гевгелија. Тој е третиот од вкупно четворицата обвинети лекари кои починаа во текот на маратонскиот судски процес што траеше цела деценија. Претходно починаа и двајцата обвинети анестезиолози – Зоран Јовановски (во текот на истрагата) и Томе Ванчев (пред две години).
-
La Linea v9
699 ден
524.25 ден
Епилог по 10 години: Затвор за Чалков, условно за Москов
Врховниот суд неодамна ја преиначи условната казна за д-р Чалков во ефективна затворска казна од 10 месеци, додека за вториот гинеколог, Дончо Москов, остана на сила условната казна од шест месеци (доколку не стори ново дело во рок од две години). Според пресудата, лекарите се согласиле да извршат царски рез без итна медицинска индикација, без комплетен тим и со анестезиолози во алкохолизирана состојба.
Трагедијата се случи на 22 октомври 2015 година во болницата во Гевгелија, кога породувањето било закажано предвреме (терминот бил 2 ноември) наводно за да се избегне празничниот ден 23 Октомври.
„Три години ја чуваа жалбата во фиока“ – Револт на сопругот
Сопругот на починатата, Димитрие Кадиев, изрази длабока горчина и разочарување од правосудниот систем.
„Десет години ја чекав правдата… Тројца од четворицата обвинети починаа. Судијката Гајдова два пати ги ослободуваше гинеколозите, а за сто украдени ќебапи пресуди три години затвор. Судијата известител Ѓоко Ристов од Апелација Скопје три години ја чуваше во фиока жалбата. Резултатот е два отсто доверба во судството“, изјави Кадиев.


