во ,

Кризна состојба на Западот: 100 лица евакуирани во Кичево, сместени во спортска сала

ДРАМАТИЧНО ВО ЗАПАДНА МАКЕДОНИЈА: Поплави во Охрид и Гостивар, 100 лица итно евакуирани во Кичево!

Обилните дождови кои паѓаат во изминатите 24 часа предизвикаа вистинска криза во западниот дел на Македонија. Центарот за управување со кризи (ЦУК) излезе со алармантен извештај: реките се излеваат, куќите се под вода, а во Кичево е извршена масовна евакуација.

Кичево: Евакуација во спортска сала

Супер Попуст -25%

Најкритично е во општина Кичево. На улицата „Прилепска“ поплавени се повеќе станбени објекти.

„Извршена е итна евакуација на околу 100 лица, кои се сместени во спортската сала ‘Христо Узунов’. На евакуираните им се обезбедени храна, вода, кревети и ќебиња“, информираат од ЦУК.

На терен се екипи на Црвен крст, пожарникари и ДЗС. Реката Зајашка и реката Треска се излеани и поплавуваат земјоделско земјиште.

Охрид: Реката Далјан влезе во куќите

Во Охрид, реката Далјан излезе од коритото на повеќе места. Поплавен е голем број куќи, подруми и гаражи. Кризниот штаб на општината е на нозе, а службите се обидуваат да ја испумпаат водата.

Гостивар: Патишта под вода

Проблеми има и во гостиварско:

  • Локалниот пат Форино – Тумчевиште е тешко прооден поради вода.
  • Реките Лакавичка и Сушечка се излеани во селата Мало Турчане и Горна Бањица.
Сподели:
Есенски Попуст -25%

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ударна вест: Грција спушти рампа на 48 часа! „Евзони“ и „Меџитлија“ целосно блокирани

Масакр на комеморација: Пукаа пред црква во САД, двајца мртви и шестмина ранети