
Филмска драма во Штип: Лажен полицаец украл службено возило и предизвикал хаос низ градот
Полицијата приведе 46-годишен маж од Штип кој лажно се претставувал како полициски службеник, одзел службено возило, предизвикал сообраќајна незгода и нападнал полицаец при неговото приведување.
-
Пиво
699 ден
524.25 ден
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, инцидентот се случил на 9 март 2026 околу 08:00 часот пред влез на средно училиште во Штип.
Лажно се претставил како полицаец
Осомничениот го запрел возилото „Пежо“ со штипски регистарски ознаки, кое било управувано од лице со иницијали М.А.. Тој се претставил како полициски службеник и извршил наводен претрес, по што го одзел службеното возило и се упатил кон населбата Ново Село.
Додека се движел низ градот, на улицата „Маршал Тито“ предизвикал сообраќајна незгода удирајќи во паркирано возило, но продолжил да се движи кон централното градско подрачје.
Инцидент со жена и куче
Околу 08:45 часот на улицата „Сутјеска“, осомничениот пресретнал жена од Штип која шетала куче и насилно и го одзел миленикот, по што избегал од местото.
По преземените оперативни активности, полицијата успеала да го лоцира возилото и да го приведе осомничениот во угостителски објект на истата улица.
Полицаец повреден при апсењето
При приведувањето на осомничениот, еден полициски службеник се здобил со телесни повреди, кои биле констатирани во Клиничката болница во Штип.
Од полицијата информираат дека истиот маж во текот на ноќта бил пријавен и за уште два други инцидента – расправија и навреди, како и за оштетување на банкомат во објект на улицата „Сутјеска“.
По целосното документирање на случајот, против лицето ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.
-
Дарт Вејдер
699 ден
524.25 ден -
Никогаш да не се заборави
699 ден
524.25 ден -
La Linea v12
699 ден
524.25 ден -
La Linea v14
699 ден
524.25 ден -
Добро утро
699 ден
524.25 ден -
Бетмен силуета
699 ден
524.25 ден








