во ,

Лоша честитка за Нова година: Струјата поскапува од 1 јануари!

Нов ценовен удар од 1 јануари: Струјата поскапува, еве колку ќе ви пораснат сметките

Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) донесе конечна одлука – од 1 јануари граѓаните ќе плаќаат поскапа струја. Зголемувањето се движи скалесто по блокови: од 2,45% во првиот, па сè до 3,84% во четвртиот блок, додека евтината тарифа поскапува за 2,50%. Претседателот Марко Бислимоски нагласи дека ова е „меко“ поскапување, бидејќи ЕВН Хоум барале драстичен скок на цените од речиси 12 проценти.

Најголемите трошаџии ќе платат најмногу

Супер Попуст -25%

За просечно домаќинство кое внимава на потрошувачката (прв блок), сметката ќе се зголеми за околу 57 денари. Сепак, најголемиот товар паѓа врз оние 4.400 домаќинства во четвртиот блок, кои ќе добијат сметки повисоки и до 900 денари. Бислимоски потврди и дека фиксниот надоместок од 200 денари за пристап до мрежа останува и нема да се укине.

Погледнете уште

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Срам на паркетот: Кошаркар ги соблече шорцевите и им покажа задник на навивачите

„Струен удар“ по џебот: Сметките растат, а платите и пензиите стагнираат