во ,

Македонија се простува од Гоце Тодоровски: Познати времето и местото на погребот

Македонија се простува од актерскиот великан Гоце Тодоровски, кој зад себе остави богато творештво и улоги што ќе останат запаметени.

Ќерката на легендарниот македонски актер Гоце Тодоровски, Сашенка Тодоровска, преку емотивна објава ги соопшти деталите за неговото последно испраќање.

Супер Попуст -25%

Таа напиша дека нејзиниот татко заминал достоинствено, оставајќи зад себе големо актерско наследство и огромна празнина кај семејството и најблиските.

„Беспрекорен до последниот здив, како што само ти умееше. Замина во легендите“, стои во дел од нејзината порака.

Последното збогум во Бутел

Според објавата на Сашенка, семејството, пријателите, колегите и почитувачите ќе се простат од актерот на градските гробишта во Бутел.

Оддавањето почит во капелата е закажано во 13 часот, додека погребот ќе се одржи во 14 часот.

„Нека ти е светол небесниот пат, татко мој, таму каде што болката повеќе не постои“, напиша неговата ќерка.

Актер кој остави неизбришлива трага

Гоце Тодоровски беше еден од најпрепознатливите и најсакани македонски актери. Во својата долгогодишна кариера оствари бројни улоги во театарот, телевизијата и филмот.

Со својот препознатлив талент, хумор и актерска енергија, Тодоровски остави длабока трага во македонската култура и во колективната меморија на повеќе генерации.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Македонец уапсен во таен стан во Никшиќ: Осомничен за обид за убиство на член на Шкаљарскиот клан

Трамп му постави краток рок на Иран: Договор или враќање на силните напади