
Мицкоски отворено: СДС и ДУИ го сменија Кривичниот законик за да се амнестираат самите – сега ќе се „вадат“ на тој закон
Премиерот Христијан Мицкоски во интервју за телевизија „Алфа“ упати остри обвинувања кон претходната власт, тврдејќи дека измените на Кривичниот законик не биле реформа, туку пресметан потег за самоамнестија на функционерите на СДС и ДУИ.
„Правосудството е контаминирано“
-
La Linea v16
699 ден
524.25 ден
Според Мицкоски, иако поголемиот дел од судиите се чесни, системот е затруен од „партиски послушници“ оставени од минатата власт.
„Има еден мал дел кој е контаминиран и го руши целиот систем. Тоа се рецидиви на СДС и ДУИ кои жестоко се борат за своите ментори“, вели премиерот.
Две причини за бришење на членот 353
Мицкоски тврди дека фамозното бришење на ставовите за „злоупотреба на службената положба“ имало две цели:
- Да се амнестираат самите себеси за криминалите што ги направиле.
- Да амнестираат некој што би можел да ѝ наштети на ВМРО-ДПМНЕ (алудирајќи на минати политички игри).
„Успеаја во првиот дел, но во вториот не. ВМРО-ДПМНЕ денес е посилно од сите“, дециден е Мицкоски.
Правниот лавиринт: „Поповолен закон“
Најголемиот проблем за новата власт, според Мицкоски, е правното начело „Lex Mitior“ (поповолен закон). Дури и сега да се донесат драконски казни, функционерите од минатата власт ќе се повикуваат на законот што самите го донесоа, бидејќи тој е поблаг за нив.
„Без разлика какви измени ќе направиме сега, тие на суд ќе речат: ’Се повикувам на законот што важеше тогаш‘. И тука е најголемиот проблем“, објасни премиерот.
-
Пиво
699 ден
524.25 ден -
Добро утро
699 ден
524.25 ден -
La Linea v1
699 ден
524.25 ден -
La Linea v27
699 ден
524.25 ден -
La Linea v23
699 ден
524.25 ден -
Кафе и пиво
699 ден
524.25 ден








