во ,

Нова блокада на ССМ напладне во Скопје, бараат 600 евра минималец и 6000 денари повисоки плати

ССМ денеска во 12:00 тргнува во нова блокада во Скопје, барајќи 600 евра минимална плата и плус 6000 денари за сите останати плати.

По блокирањето на влезовите на Собранието во понеделникот, синдикатите најавија дека на 12 февруари ќе ја блокираат Стопанската комора во центарот на Скопје. Од ССМ велат дека токму работодавачите се кочницата за растот на платите, додека работниците, притиснати од трошоците, сè почесто бараат спас со заминување надвор од државата.

Трендафилов најавува „21 претставник“ и директна порака до работодавачите

Супер Попуст -25%

Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, најави дека на улица повторно ќе излезат 21 претставник, колку што е законски потребно за блокада. Тој порача дека пред Стопанската комора ќе се блокираат „газди што ги блокираат работниците 36 години“, обвинувајќи дека дел од работодавачите одбиле да ги зголемат платите и минималецот, а потоа се жалат дека им заминува квалификувана работна сила. Од синдикатот додаваат дека секој граѓанин може да се приклучи на блокадата.

Следува блокада на Владата и најава за протест и генерален штрајк

Според најавата, последна треба да биде блокирана Владата следниот вторник, по што ССМ најавува нов протест и можен генерален штрајк ако нема резултат. Како аргумент, синдикатите посочуваат раст на животните трошоци и на синдикалната потрошувачка кошничка, која во јануари се зголемила за околу 900 денари во однос на декември. Според пресметките на ССМ, кошничката во јануари изнесувала 66.413 денари, а со изнајмен стан од 60 квадрати достигнувала 81.788 денари.
Од друга страна, Владата останува на ставот дека треба да се договорат синдикатите и работодавачите, додека минималната плата законски треба да се усогласи во март, со проекции од 1500 до 1700 денари, кои би се почувствувале со априлската плата

Погледнете уште

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Курти по трет пат на власт, 66 „за“, 49 „против“, Косово влегува во нова политичка битка

Уапсен во Белград 18-годишникот што избега по смртоносниот удар во Капиштец