
Доналд Трамп повторно ја шокираше светската јавност со својата челична самоувереност додека водите на Ормускиот Теснец буквално зовриваат од воена акција. Иако американските и иранските сили разменија тежок оган во најкритичниот воден пат на планетата претседателот на САД тврди дека примирјето сè уште е на сила. Вашингтон и Техеран во овој момент се наоѓаат на самиот раб на тотално уништување додека ракети и дронови летаат над танкерите со нафта. Оваа експлозивна ситуација ги крена на нозе сите светски берзи и предизвика вистински хаос во меѓународната дипломатија. Трамп немилосрдно порача дека американската војска жестоко одговорила на иранските провокации без никакво колебање. Светот со страв ги следи вестите за експлозии кои наводно одекнале дури и во срцето на Техеран. Ова е најкритичниот миг од почетокои на војната која започна на крајот на февруари годинава. Дипломатските игри продолжуваат со невидена брзина додека топовите сè уште не се оладиле.
-
Џаст До Ит!
699 ден
524.25 ден
Врховната команда на Иран упати тешки обвинувања против САД за напад врз нивните танкери и крајбрежни области. Од друга страна американската Централна команда тврди дека нивните разурнувачи биле цел на неиспровоциран напад од дронови и проектили. Трамп кратко и брутално искоментира дека иранските сили се поигрувале со Америка но биле веднаш разнесени. Вашингтон тврди дека дејствувал исклучиво во самоодбрана за да ги заштити своите воени бродови во теснецот. Иранската страна пак го смета ова за директно кршење на сите досегашни договори за мир. Тензијата на теренот достигнува точка на вриење додека и двете страни стојат со прстот на чкрапалото.
Обединетите Арапски Емирати под удар: Војната се шири
Ситуацијата дополнително се искомплицира откако Обединетите Арапски Емирати соопштија дека биле нападнати со ирански проектили. Нивните системи за одбрана морале активно да реагираат за да го заштитат небото над Персискиот Залив утрово. Трамп и покрај оваа ескалација инсистира дека конечниот договор со Техеран е многу блиску до финализирање. Иранското министерство за надворешни работи потврди дека сериозно го разгледуваат американскиот предлог за прекин на војната. Сепак секој нов истрел во Ормускиот Теснец ја оддалечува планетата од мирот што сите го посакуваат. Оваа опасна дипломатска игра на жилет може да заврши со глобална катастрофа ако разумот не победи веднаш.
-
La Linea v8
699 ден
524.25 ден -
La Linea v12
699 ден
524.25 ден -
Добро утро
699 ден
524.25 ден -
Dolce & Kafana
699 ден
524.25 ден -
Апсана
699 ден
524.25 ден -
La Linea v9
699 ден
524.25 ден








