
Дилемите се расчистени, а датумот е официјално закажан. Собранието попладнево го даде зеленото светло за измените на Законот за прекршоци, со што системот „Безбеден град“ (Safe City) добива целосна законска моќ. Од 1 февруари 2026 година, камерите повеќе нема да бидат само декор, туку главниот „сообраќаен полицаец“ на улиците.
Левица го обезбеди мнозинството
-
Џаст До Ит!
699 ден
524.25 ден
Гласањето во Собранието донесе интересна политичка динамика. Законот помина со 81 глас „ЗА“, при што клучното двотретинско мнозинство беше обезбедено благодарение на пратениците на Левица, кои гласаа заедно со владејачкото мнозинство.
На спротивната страна, пратениците од редовите на ДУИ и СДСМ гласаа „ПРОТИВ“, но тоа не беше доволно да се спречи активирањето на системот.
Каде ќе се казнува и за што?
Од првиот ден на следниот месец, „Големиот брат“ почнува со работа во три клучни градови: Скопје, Тетово и Куманово. Возачите во овие зони мора да бидат исклучително внимателни, бидејќи системот автоматски ќе процесира казни за четири прекршоци:
1. Минување на црвено светло.
2. Возење над дозволената брзина.
3. Неправилно паркирање и застанување.
4. Истечена регистрација на возилото.
Со ова, периодот на адаптација завршува, а секоја грешка од 1 февруари ќе значи „честитка“ на домашна адреса.


