
Екипите на ЈП „Национални шуми“ во координација со Шумската полиција и припадници на ОВР Радовиш денеска спроведоа успешна акција на планината Плачковица, ставајќи крај на дивеењето на позната група дрвокрадци.
Овие лица, кои долго време ја пустошеа шумата, биле фатени на дело, среде нелегална сеча.
Заплекени возила и опрема
-
La Linea v8
699 ден
524.25 ден
Заменик-директорот на Јавното претпријатие, Кире Михаилов, преку социјалните мрежи информираше дека акцијата резултирала со значаен удар врз криминалната група. Од лице место се одземени две моторни возила кои биле натоварени и подготвени за транспорт на украдените дрва, како и моторна пила и друга професионална опрема за сеча.
Според информациите, станува збор за рецидивисти кои им биле добро познати на службите и кои зад себе веќе имаат дебело досие со повеќе кривични дела поврзани со кражба на шумскиот фонд.
Нула толеранција за криминалот во шумите
Михаилов испрати јасна порака дека времето на неказнивост заврши. Тој најави дека ова е само почеток и дека слични акции ќе се спроведуваат интензивно низ целата територија на Македонија.
„Морам да изразам голема благодарност до колегите од МВР кои професионално ја завршија задачата. Нема да има толеранција за нелегални активности во шумите, а истрагата за овој случај продолжува“, истакна Михаилов, додавајќи дека во интерес на истрагата засега нема да се откриваат идентитетите на сторителите.
-
Дарт Вејдер
699 ден
524.25 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
524.25 ден -
La Linea v4
699 ден
524.25 ден -
La Linea v27
699 ден
524.25 ден -
Јога шимпанзо
699 ден
524.25 ден -
Верувај во себе
699 ден
524.25 ден








