во ,

ТОШКОВСКИ СО ЖЕСТОКА ПОРАКА: Сдсм и дуи се заглавени во политичко мочуриште и газат преку живи луѓе

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, упати жестока критика кон опозицијата по изгласувањето на Законот за прекршоци, обвинувајќи ги СДСМ и ДУИ дека политичките калкулации им се поважни од човечките животи.

Во своето обраќање до јавноста, Тошковски го поздрави донесувањето на законските измени кои овозможуваат целосна имплементација на системот „Безбеден град“, но не штедеше зборови за пратениците кои гласаа против. Според него, ова гласање ги разоткрило вистинските намери на опозицискиот блок.

Политичко мочуриште наместо безбедност

Супер Попуст -25%

„За жал, денешното гласање уште еднаш покажа дека СДСМ и ДУИ се длабоко заглавени во сопственото политичко мочуриште. Иако никогаш немаа храброст јавно да ја признаат својата коалиција, денес таа повторно излезе на површина преку заедничкото гласање против систем кој веќе дава резултати и спасува животи“, истакна министерот.

Тој нагласи дека овој пат не се одлучувало за тендери или функции, туку за безбедноста на децата и граѓаните на улиците, но опозицијата свесно избрала да ја влече државата назад.

Граѓаните се хероите на „Безбеден град“

Наспроти критиките кон политичките опоненти, Тошковски упати голема благодарност до граѓаните. Тој потенцираше дека токму одговорното однесување на возачите за време на тест-периодот докажало дека системот функционира.

„Безбеден град не е систем за казнување, туку систем за спасување животи, а токму граѓаните први го препознаа тоа“, додаде тој.

Со новите законски измени, кои стапуваат на сила од 1 февруари, системот на камери во Скопје, Тетово и Куманово преминува од фаза на превенција во фаза на целосна законска примена.

Сподели:
Есенски Попуст -25%

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ударна вест од МВР: Дрвокрадците беа затекнати на дело додека ја пустошеа Плачковица

Променливо облачно со магла наутро: Температури до 12 степени