
Денеска нè очекува сончево и многу топло време со мала до умерена локална облачност и слаб до умерен југоисточен ветер. Минималната температура ќе се движи од 10 до 19, додека максималната ќе достигне од пеколни 35 до 40 степени. Во Скопје ќе биде слично, со максимални 39 степени и слаб ветер од јужен правец.
Пеколен викенд пред големата промена
-
La Linea v1
699 ден
524.25 ден
Вистинскиот врв на топлотниот бран се очекува до сабота. Времето ќе остане сончево и екстремно топло. Дневните температури на одредени места низ државата се очекува дури и да надминат над 40 степени. Ова бара максимална внимателност, избегнување на директно изложување на сонце и пиење многу течности.
„Во недела и следните неколку денови во попладневните часови ќе има локална нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.“
Опасност од невреме и град
По екстремните жештини, следува остар сврт и голема промена на временските прилики. Метеоролозите предупредуваат на локална нестабилност која почнува во недела попладне. На места ќе има услови за сериозно невреме проследено со силен ветер и појава на град. Со овој влажен и нестабилен бран, температурите конечно ќе почнат постепено да опаѓаат, носејќи посакувано освежување.


