
Временски пресврт за празниците: Доаѓаат обилни дождови и снежна покривка до 10 сантиметри
Метеоролозите издадоа предупредување за значителна промена на времето која започнува од утревечер. Под влијание на влажни воздушни бранови, во текот на 24 и 25 декември, целата територија на Македонија ќе биде зафатена со врнежи. На одредени места дождот ќе биде обилен и ќе надмине 25 литри на метар квадратен за само 24 часа, што бара зголемена внимателност од граѓаните.
Студен бран од север носи снег на планините
-
Џаст До Ит!
699 ден
524.25 ден
Со спуштање на студен воздух, дождот на планините ќе премине во снег, формирајќи покривка од 5 до 10 сантиметри, а бели снегулки се можни и на повисоките места во низините. За Скопје се најавуваат интензивни врнежи од дожд во наредните два дена. Стабилизирање на временските услови се очекува дури од петок.


