во

Прв Филозофски фестивал за средношколци во Македонија: Утре во Скопје дебата за „Вештачка интелигенција и образование“

Во вторник, 24 ноември 2026 година, со почеток во 10:00 часот, во средното училиште „Алгоритам“ во Скопје ќе се одржи првиот Филозофски фестивал за средношколци во Македонија, на кој ќе учествуваат ученици од околу десет гимназии.

Во фокус: Вештачката интелигенција и образованието

Средношколците ќе пишуваат и јавно ќе ги претстават своите есеи на актуелната тема „Вештачка интелигенција и образование“. Преку своите трудови, тие ќе ги изнесат ставовите за тоа како вештачката интелигенција го менува начинот на кој учат, како и каква улога треба да има во современата настава. Трите најдобро оценети труда ќе бидат наградени.

Берово те очекува
Pine & Co. – сместување во Берово, Македонија

Есеите ќе ги оценува тричлена жири-комисија составена од новинарката Елизабета Дамјановска-Спасеновска, професорката и уметница Наде Молеровиќ (која работи на доедукација на родители и наставници) и еден од најеминентните македонски писатели на литература за деца и млади, Горјан Петревски.

Просторот за критичка мисла е отворен за сите

Организаторка на фестивалот е професорката по филозофија и логика, Магдалена Стојмановиќ-Константинов. Целта на настанот е да им се даде простор на средношколците јавно да ги образложат своите ставови за прашања што директно го засегаат нивното образование, но и да слушнат како размислуваат нивните врсници од други училишта.

Настанот е од отворен карактер – заинтересираната јавност не треба претходно да го најавува своето присуство, а влезот е целосно бесплатен.

Фестивалот им дава простор на средношколците јавно да ги образложат своите ставови за прашања што директно го засегаат нивното образование и да слушнат како за нив размислуваат врсниците од други училишта, а влезот за сите заинтересирани е бесплатен.

Кул Маици - Попуст -25%

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Јадел црн грав секој ден цел месец: Еве што се променило во неговото тело и што најмногу го изненадило

Опозицијата со нови обвинувања за случајот „Алта банка“: Зошто се брза со продажба и зошто се кријат трансакциите?