
УХМР најавува променливо облачно време со локални врнежи од дожд, а на повисоките планини дождот ќе преминува во дожд и снег, со умерен до засилен северозападен ветер
Денес времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, кои ќе бидат пообилни во југоисточните региони. На повисоките планини врнежите ќе бидат од дожд и снег, а ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец. Минималните температури ќе се движат од 4 до 9 степени, додека максималните ќе достигнат од 8 до 13 степени.
-
Јога шимпанзо
699 ден
524.25 ден
Во Скопје се очекува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, најизразени претпладне и кон крајот на денот. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер, со минимум околу 7 и максимум до 12 степени.
Викенд со пообилни врнежи и можни невремиња, а потоа следи заладување
За утре се најавува променливо облачно време со слаб локален дожд, а долж Повардарието ќе дува умерен до засилен северен ветер. За време на викендот, под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса, се очекуваат врнежи од дожд кои повремено наместа ќе бидат пообилни над 30 литри на метар квадратен. Локално ќе има услови за краткотрајно невреме со пороен дожд, грмежи и силен ветер.


