
Опозицискиот СДСМ премина од вербална поддршка на конкретна законодавна акција и вечерва најави експресно поднесување на пакет закони со кои минималната плата во државата треба веднаш да скокне на 600 евра.
Од Бихаќка порачуваат дека мерките се итен одговор на тешката економска криза и драстично намалениот животен стандард. Покрај покачувањето на минималецот, социјалдемократите предлагаат и линеарно зголемување на платите за 100 евра во сите останати сектори, со што директно ги пресликуваат барањата на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ).
Удар врз привилегиите: Замрзнување на платите на функционерите
-
La Linea v5
699 ден
524.25 ден
Во пакетот мерки, СДСМ вклучи и популистички, но за граѓаните клучен потег – барање за итно замрзнување на платите на сите избрани и именувани функционери.
„Секој работник заслужува достоинствена плата што обезбедува нормален живот, додека функционерите мора да ја делат судбината на народот“, нагласуваат од партијата.
Лидерот Венко Филипче најави посебна прес-конференција на која детално ќе ги образложи механизмите како овие пари да се обезбедат во буџетот, фрлајќи ја ракавицата директно пред владејачкото мнозинство кое ќе треба да се изјасни „за“ или „против“ поголеми плати за работниците.


