во ,

Силна порака од премиерот за 21 декември: Секое дете заслужува да учи на својот мајчин јазик

Мицкоски со силна порака за Денот на турскиот јазик: „Образованието на мајчин јазик е цивилизациска вредност“

Премиерот Христијан Мицкоски денеска упати честитка по повод 21 декември, Денот на наставата на турски јазик, истакнувајќи ја важноста на образованието на мајчин јазик. Во својата порака на Фејсбук, тој нагласи дека можноста секое дете да учи на својот јазик не е само педагошка потреба, туку и „длабока цивилизациска вредност и уставна определба“. Мицкоски потенцираше дека наставата на турски е нераскинлив дел од македонското историско и општествено наследство.

Супер Попуст -25%

Премиерот вети дека Владата сериозно ја сфаќа одговорноста да обезбеди услови за квалитетно образование за сите. „Инвестирањето во образованието и во наставата на мајчин јазик е инвестирање во довербата, во заедништвото и во иднината на државата“, порача Мицкоски, потврдувајќи ја заложбата за градење систем темелен на почит и еднаквост.

Погледнете уште

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Драма на море: Шведските специјалци упаднаа на рускиот брод „Адлер“ среде ноќ

Маглата останува „гостин“ во котлините: Денеска променливо, од утре влажен бран