
Неприроден пат оптоварен со идентитетски препреки
На средбата со делегацијата предводена од Марта де Сидрак, претседателка на Групата за пријателство Франција–Западен Балкан, Сиљановска-Давкова изрази благодарност за континуираната француска поддршка. Сепак, таа директно укажа на, како што рече, неприродно и нелогично долгиот македонски пат кон Брисел.
-
Јас сум толку стар
699 ден
524.25 ден
Според претседателката, македонскиот евроинтеграциски пат, наместо преку Копенхаген, врви преку метрополите на соседите, каде земјава се соочува со препреки и услови кои се од чисто идентитетска, а не од реформска природа. Таа потсети дека македонската уставна рамка има добиено позитивни оценки од Бадентеровата комисија уште во 1992 година, како и потврда од Венецијанската комисија во 2022 година дека државата применува повисоки стандарди за заштита на малцинствата од просечните европски.
Парадоксот на уставните измени и протоколот со Бугарија
Претседателката го истакна парадоксот дека по десетина позитивни извештаи, во 2023 година за првпат се наметнува условот за внесување на Бугарите во македонскиот Устав. Овој услов произлезе исклучиво од вториот протокол на билатералната комисија, потпишан од поранешните министри Бујар Османи и Теодора Генчовска, иако таква обврска воопшто не постои во основниот Договор за пријателство.
„Може ли со записник/протокол, двајца министри да „амандманираат“ билатерален договор; може ли услов од записник да стане дел од Заклучоците на Советот, а тоа да не се проблематизира; може ли некоја држава да бара од друга промена на уставот, а да се заборави на филозофијата на Договорот за ЕУ; може ли некој да гарантира уставни измени, кога пратениците гласаат по сопствено уверување?“, праша Сиљановска-Давкова.
Контраст во третманот на малцинските права
Сиљановска-Давкова направи и директна паралела меѓу македонскиот и бугарскиот Устав. Таа потенцираше дека Македонија ги гарантира правата на сите заедници, за разлика од Бугарија, чиј Устав не содржи такви гаранции, поради што Венецијанската комисија уште во 2008 година ѝ препорачала на Софија да изврши уставни измени. Дополнително, беше акцентирано игнорирањето на пресудите од Судот за човекови права во Стразбург од страна на официјална Софија.
Француската сенаторка Марта де Сидрак изрази разбирање за сложената состојба во која се наоѓа Македонија, реафирмирајќи ја поддршката од Париз. Таа децидно порача дека државите од Западен Балкан заслужуваат членство во Унијата базирано исклучиво врз основа на мерит системот (систем на заслуги).
-
Никогаш да не се заборави
699 ден
524.25 ден -
La Linea v4
699 ден
524.25 ден -
Петок
699 ден
524.25 ден -
La Linea v23
699 ден
524.25 ден -
Те сакам како пивото
699 ден
524.25 ден -
Време за пиво
699 ден
524.25 ден








