
Потребни состојки
За ќофтињата:
- 450 г мелено говедско месо
- 225 г мелено свинско месо
- 75 г лебни трошки
- 1 лажица млеко (на собна температура)
- 1 лажица сушен кромид во ситни парчиња
- 1 лажичка лук во прав
- ½ лажичка сол и ½ лажичка мелен црн бибер
- ¼ лажичка мелено морско оревче
- ¼ лажичка мелен пимент (по желба, може да се прескокне)
- Масло за готвење

За кремастиот сос:
- 3 лажици путер и 3 лажици сенаменско брашно
- 480 мл говедски бујон
- 1 лажичка Ворчестер сос
- ¼ лажичка мелен црн бибер и ⅛ лажичка сол
- 240 мл мешавина од млеко и павлака (180 мл полномасно млеко и 60 мл слатка павлака – хопла за готвење)
- 120 г кисела павлака (на собна температура)

Начин на подготовка
Во голем сад соединете ги говедското и свинското мелено месо, лебните трошки, млекото, сушениот кромид, лукот во прав, солта, биберот, морското оревче и пиментот. Мешајте нежно само додека состојките не се соединат, па обликувајте ќофтиња со дијаметар од околу 5 сантиметри.
Загрејте 2 до 3 лажици масло во голема тава на средно висока температура и пржете ги ќофтињата во тури (без да ги натрупувате) додека не добијат убава златна боја од сите страни. Префрлете ги на чиста чинија.
Во истата тава, заедно со соковите останати од месото, растопете го путерот на средна температура. Додајте го брашното и матете постојано со жица 3 до 5 минути додека смесата не добие златна боја. Потоа додајте ги говедскиот бујон, Ворчестер сосот, солта и биберот, па гответе уште 5 минути со постојано мешање додека не се згусне.
На крајот, додајте ги мешавината од млеко и хопла и киселата павлака, и мешајте уште околу 5 минути додека сосот не стане густ и кремаст. Вратете ги ќофтињата во тавата, поклопете и гответе на средно ниска температура 8 до 10 минути додека целосно не се зготват. Послужете ги топли со пире од компири и свеж магдонос.
Совет плус: Не ја мешајте прекумерно смесата за месото за ќофтињата да останат меки и сочни, а сосот задолжително подгответе го во истата тава за да ги впие сите ароми од пржењето.

-
La Linea v11
699 ден
524.25 ден -
La Linea v23
699 ден
524.25 ден -
Верувај во себе
699 ден
524.25 ден -
Време за пиво
699 ден
524.25 ден -
Хемија
699 ден
524.25 ден -
Балтазар
699 ден
524.25 ден







