
Категории и масовен одѕив
Маратонот, кој официјално стартуваше утринава во 8 часот, опфаќа четири различни категории – класичен маратон на 42 километри (каде главен фаворит меѓу македонските натпреварувачи е Дарио Ивановски), полумаратон на 21 километар со околу 3.000 пријавени тркачи, штафетен маратон и популарната трка на 5 километри.
-
Хемија
699 ден
524.25 ден
Клучни детали за сообраќајниот режим до 14 часот:
- Центар и Карпош: Затворен е потегот од Рекорд, улиците „Македонија“ и „Димитрие Чуповски“, како и продолженијата по „Митрополит Теодосиј Гологанов“ и „Васил Чакаларов“ сè до Хром.
- Општина Аеродром: Посебниот режим ги опфаќа потезите кон Воен базен и Мајчин дом, како и булеварот „Јане Сандански“ до раскрсницата со булеварот „Србија“.
- Други локации: Затворени се и делови од улицата „11 Октомври“ (од Собранието кон Црвен крст), како и деловите кај „Крушевска Република“ и „Трета македонска бригада“.
Апел до возачите и граѓаните
Од Министерството за внатрешни работи упатија апел до сите возачи во периодот од 6 до 14 часот целосно да ги избегнуваат сообраќајните траси на маратонот и строго да ги следат насоките на полициските службеници на терен. За сите учесници е обезбеден и бесплатен превоз со автобусите на ЈСП.
Масовниот одѕив и меѓународниот карактер уште еднаш го потврдуваат статусот на Скопскиот маратон како еден од најзначајните спортски настани во регионот.


