
Тешка сообраќајка во Србија: Двајца македонски државјани загинаа на автопатот Белград – Ниш
Црно утро на автопатот во Србија. Двајца македонски државјани го загубија животот во тешка сообраќајна несреќа што се случила утрово кај клучката Умчари. Според првичните информации од српските медиуми, автомобилот марка „Сеат“ со германски регистарски таблички изгубил контрола и излетал надвор од коловозот.
Кобен крај за возачот и совозачот
-
Бетмен силуета
699 ден
524.25 ден
Епилогот од несреќата е фатален за маж и жена кои починале на лице место. Во возилото имало уште едно лице кое со тешки телесни повреди итно е пренесено во болница. Полицијата во моментов врши увид на теренот за да се утврдат точните причини кои довеле до оваа голема трагедија.


