во ,

Таткото тврди дека ќерката пријавувала закани пред трагедијата

Обдукцијата покажа насилна смрт на 35-годишната Марија Маринковска од кумановско, по што надлежните отворија истрага

Телото на жената било ексхумирано 40 дена по погребот, откако се појавиле сомнежи во врска со причините за смртта. Според семејството, првичните информации укажувале на природна смрт, но дополнителните проверки покажале дека станува збор за насилен чин.

Претходни пријави за следење

Супер Попуст -25%

Таткото на починатата изјави дека неговата ќерка пријавувала дека осомничениот Т.Б. ја следи и ѝ додева. Тој тврди дека семејството ја известило полицијата, а Марија поднела пријава во Старо Нагоричане. Според неговите наводи, полицијата излегла на терен, но осомничениот не бил пронајден дома.

Осомничен за повеќе кривични дела

Т.Б. е приведен и се сомничи за повеќе убиства, вклучително и за случај во селото Челопек. Надлежните органи информираат дека истрагата е во тек и дека се преземаат сите потребни мерки за расчистување на случајот.

Сподели:
Есенски Попуст -25%

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Орбан со вето го блокира пакетот санкции на ЕУ

Воздушни напади врз Кабул ја продлабочуваат кризата