
Мирисот на риба ви останува со часови по пржењето? Не мора – едно парче овошје во тавата го решава проблемот!
Во сезоната на Божиќните пости, рибата е чест гостин на трпезата, но нејзиниот интензивен мирис често се вовлекува во завесите, облеката и секој агол од домот. За среќа, постои едноставен и природен трик што го користат професионалните домаќинки, а ви треба само една состојка што веројатно веќе ја имате – јаболко. Наместо да купувате скапи освежувачи или да го луфтирате станот со часови на студот, решението лежи во самото масло за пржење.
Како функционира трикот? Јаболкото ги „впива“ масните киселини
-
Дарт Вејдер
699 ден
524.25 ден
Постапката е многу лесна: пред да почнете со пржење, исечете неколку тенки кришки јаболко и уфрлете ги во тавата заедно со маслото. Пржете ја рибата вообичаено. Додека се загрева, јаболкото ослободува природни состојки кои ги врзуваат и неутрализираат масните киселини од рибата (главните виновници за непријатниот мирис). Резултатот е фантастичен – мирисот останува „заробен“ во јаболкото, а не во воздухот, притоа не менувајќи го вкусот, бојата или текстурата на рибата. По пржењето, едноставно фрлете го јаболкото.
Дополнителни совети за крцкава риба без мирис:
- Добро исушете ја рибата: Влажната риба создава повеќе пареа и мирис. Пред да ја валкате во брашно, исушете ја со хартиена салфетка.
- Не ја преполнувајте тавата: Ако ставите премногу парчиња одеднаш, маслото се лади, рибата се распаѓа и мириса посилно.
- Трик со оцет: За дополнителен ефект, додека пржите, на друга рингла ставете ѓезве со вода и оцет да врие – пареата ќе ги неутрализира преостанатите мириси.
-
Никогаш да не се заборави
699 ден
524.25 ден -
La Linea v3
699 ден
524.25 ден -
La Linea v1
699 ден
524.25 ден -
La Linea v11
699 ден
524.25 ден -
Бетмен силуета
699 ден
524.25 ден -
La Linea v23
699 ден
524.25 ден








