
Глобален недостиг на дизел и притисок врз Киев
Во својата најнова изјава, Трамп посочи дека Украина има целосно право да продолжи со нападите врз други конвенционални воени цели, но потенцираше дека ударите врз руската нафтена инфраструктура мора да престанат. Тој нагласи дека за актуелните нарушувања во снабдувањето не може вината да се бара само во нестабилната ситуација на Блискиот Исток.
„Господинот Зеленски мора да направи една работа. Мора да престане да ги уништува постројките за производство на дизел гориво во Русија“, порача американскиот претседател за време на неговата дводневна посета на Ирска.
-
La Linea v23
699 ден
524.25 ден
Ова барање доаѓа во период на зголемена нестабилност на глобалните пазари на енергенси, каде нарушувањата на производството и транспортот на нафта веќе создаваат огромен притисок врз цените и стабилноста на снабдувањето ширум светот.
Украинската стратегија: Удирање по рускиот паричник
Од друга страна, Украина не отстапува лесно од својата воена тактика. Официјален Киев продолжува со систематските напади врз руската енергетска инфраструктура како клучна стратегија за драстично намалување на приходите на Москва. Со ова се нарушува и логистичкото снабдување со гориво кое директно се користи за финансирање и одржување на руските воени активности на фронтот.
Како потврда за ова, украинскиот Генералштаб информираше дека само на 13 септември биле извршени нови, прецизни напади врз нафтени рафинерии лоцирани длабоко на руска територија – во Краснодарскиот крај и во Татарстан. Сепак, реакцијата на Трамп претставува јасен сигнал дека Вашингтон настојува по секоја цена да го ограничи прелевањето на конфликтот врз светските енергетски пазари.


