во

ВМРО-ДПМНЕ СО ОСТРИ ОБВИНУВАЊА: Судството е заробено од кадрите на Заев и Ахмети од Струмица и Зајас

Последните скандалозни одлуки на правосудните органи се јасен доказ дека политичките инсталации во правосудството на СДС и ДУИ сè уште работат и носат одлуки по диктат, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ. Според партијата, судиите и обвинителите избрани во Зајас и Струмица од страна на Али Ахмети и Зоран Заев продолжуваат да служат исклучиво на нивните интереси, трајно нарушувајќи ја довербата на граѓаните.

Трагедии без одговорност и урната доверба

ВМРО-ДПМНЕ потсетува на двете најголеми трагедии во поновата македонска историја кои сè уште чекаат вистинска правна разрешница и праведна казна за виновниците. „Во случајот ‘Ласкарци’ загинаа 16 граѓани, додека во трагедијата со модуларната болница во Тетово животот го загубија 14 лица. Десетици семејства останаа без своите најблиски“, се вели во партиското соопштение.

Супер Попуст -25%

Оттаму посочуваат дека граѓаните денес гледаат правосуден систем од кој очекуваат одговорност за овие катастрофи, но наместо тоа, добиваат судски одлуки кои дополнително ја рушат и онака кревката доверба во државните институции.

Врховниот суд ги ослободува виновниците

Владејачката партија директно ги посочува судиите во Врховниот суд за најновите контроверзни пресуди кои ја брануваат јавноста, обвинувајќи ги за директна заштита на криминалот.

„Врховниот суд предводен од Африм Фидани, Џемаили Саити и Сафет Кадрии, ја укина пресудата за случајот ‘Ласкарци’ и практично ги ослободи виновниците. Истиот суд на слобода го пушти и Стевчо Јакимовски, кој претходно беше правосилно осуден за криминал.“

Од ВМРО-ДПМНЕ децидно порачуваат дека на Македонија не ѝ е потребен правосуден систем кој ќе функционира како заштитник на СДС и ДУИ. Владеењето на правото и правдата мора да станат реалност, а не алатка во рацете на политичките моќници од минатото, заклучуваат од партијата.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

ЦУК СО НАЈНОВИ ИНФОРМАЦИИ: Активен пожар во македонскибродско Белица, 10 други жаришта се изгаснати

ТРАМП СО ЈАСНА ПОРАКА ДО ЗЕЛЕНСКИ: Престанете со нападите врз руските рафинерии, го загрозувате глобалниот пазар!