
Американскиот претседател Доналд Трамп во обраќање до нацијата жестоко го критикуваше својот претходник Џозеф Бајден, обвинувајќи го дека ја оставил земјата во состојба на „хаос“ и на раб на економски колапс.
Трамп истакна дека за само една година успеал да ја стабилизира економијата, тврдејќи дека под негово водство цените на горивата, храната и хипотеките забрзано паѓаат, откако претходната администрација предизвикала историска инфлација.
-
Кафе пауза на месечината
699 ден
524.25 ден
Како дел од своите мерки, Трамп најави еднократен бонус од 1.776 долари за активните припадници на војската, наречен „дивиденда на воинот“. Тој исто така се пофали со целосно запирање на илегалната миграција во последните седум месеци и завршување на „осум војни“. Во однос на монетарната политика, претседателот вети именување на нов шеф на Федералните резерви кој ќе се залага за драстично пониски каматни стапки.


