
Аеродромот во Вилнус синоќа беше итно затворен откако навигациските системи забележаа појава на балони со шверцувана стока во близина на пистите.
Според литванскиот Национален центар за управување со кризи, балоните најверојатно влегле од територијата на Белорусија носејќи илегална стока. Ова е само еден од низата инциденти во изминатиот месец што предизвикуваат прекини во авиосообраќајот.
Повеќе од само шверц – закана за националната безбедност
-
Петок
699 ден
524.25 ден
Поради зачестениот „воздушен шверц“, Литванија веќе ја затвори својата копнена граница со Белорусија. Сега, литванските аеродроми официјално се обратија до обвинителството со барање да се отвори истрага, оценувајќи дека овие летечки објекти претставуваат сериозна закана за националната безбедност и цивилното воздухопловство.


