
Христос се роди: Католиците и дел од православните верници го слават Божик
Со свечена полноќна литургија во Католичката црква „Пресвето Срце Исусово“ во Скопје, верниците од католичка вероисповед го дочекаа големиот христијански празник – Раѓањето Христово. Централната прослава во земјава ја предводеше Скопскиот бискуп и Струмичко-скопски епарх, монсињор д-р Киро Стојанов, кој упати традиционална божикна честитка.
Порака за вистинските вредности: „Божик не е потрошувачки празник“
-
La Linea v4
699 ден
524.25 ден
Во своето послание, бискупот Стојанов предупреди дека празникот не смее да се сведе на „сезонски настан“ што ни го наметнува потрошувачкиот менталитет. Тој истакна дека Исус доаѓа скромно, но како „светлина што ја растерува темнината“ и „леб на животот“. Покрај Римокатолиците, Божик денеска слават и Грчката, Бугарската, Романската и Украинската православна црква, додека МПЦ-ОА и останатите цркви кои се водат по Јулијанскиот календар ќе слават на 7 јануари.


