
До 7:30 часот денеска на територијата на Македонија биле регистрирани вкупно 25 пожари на отворен простор, информира Центарот за управување со кризи.
-
La Linea v8
699 ден
524.25 ден
Од нив, два пожари се активни, еден е под контрола, а 22 се изгаснати.
Активен пожар во Горно Лисиче
Еден од активните пожари е на територијата на Општина Аеродром, поточно во село Горно Лисиче.
Според ЦУК, таму огнот зафатил ниска вегетација, дрва и пченка.
Гори и депонија во Крива Паланка
Вториот активен пожар е регистриран во Општина Крива Паланка, каде што гори депонија.
Истовремено, пожарот над село Зелениково, кој зафатил шума и ниска вегетација, е ставен под контрола.
Изгаснати 22 пожари низ државата
Во текот на изминатиот период пожарникарските екипи изгаснале уште 22 пожари на повеќе локации низ земјата.
Меѓу нив се пожарите во Брњарци во Општина Гази Баба, Волково во Ѓорче Петров, Чифлик во Сопиште, Арачиново, Батинци, како и пожарот на улицата „Скупи“ во Карпош.
Изгаснати се и пожари кај езерото Букри во Новаци, во Бело Поле, Браилово и Пешталево во Општина Долнени, како и во Варош кај Прилеп.
Пожари имало и во Велес, Струга и Гостивар
Интервенции имало и во Бањица во Општина Чашка, Сливник, Бузалково и населбата Превалац во Велес, како и во Паликура во Росоман.
Изгаснати се пожарите во Биџево и Долна Белица во Струга, Матејче во Липково, Сенакос во Врапчиште, Палатица во Желино и Чајле во Гостивар.
Под целосна контрола е ставен и пожарот на депонијата во Делчево.
-
La Linea v2
699 ден
524.25 ден -
Кафе и пиво
699 ден
524.25 ден -
Те сакам како пивото
699 ден
524.25 ден -
La Linea v23
699 ден
524.25 ден -
Верувај во себе
699 ден
524.25 ден -
La Linea v1
699 ден
524.25 ден








