
Протече куса снимка од филмот „Рано наутро“ на Јани Бојаџи, инспириран од настаните на 27 април. Филмот ќе има премиера на 19 ноември во „Синеплекс“.
Иако авторите ги чуваат „адутите“ до премиерата, Плусинфо ексклузивно објави куса снимка од филмот. Режисерот Јани Бојаџи претходно изјави дека станува збор за политичка драма во чиј фокус се две семејства.
Супер Попуст -25%
-
Хемија
699 ден
524.25 ден
Сепак, впечатокот од првата снимка, според написот, е дека можеби станува збор за возбудлив политички трилер, преточен во модерен филмски израз, карактеристичен за популарните остварувања во регионот во последните неколку години.


