
Најстудено утрово е во Берово каде се измерени -6 степени, додека во Скопје-Петровец, Битола, Демир Капија и Струмица живата во термометарот се спушти до -4 степени.
Според Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), утрото во многу градови како Тетово, Штип и Куманово започна со -3 степени, додека највисока утринска температура од 3 степени е регистрирана во Крушево.
-
Балтазар
699 ден
524.25 ден
Во текот на денот времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и претежно тивко, но со утринска магла по котлините. Во северозападните делови можни се услови за слаб дожд. Максималните дневни температури ќе се движат од 7 до 13 степени, додека во Скопје ќе се задржи променливо облачно време со температура до 7 степени.


