
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, по завршувањето на седницата на Централниот одбор, го соопшти новото раководство на партијата, најавувајќи дека новиот тим влегува во „храбра и одлучна борба“ против актуелната власт.
За нови потпретседатели се избрани д-р Александар Трајановски и пратеничката Јована Тренчевска, додека Извршниот одбор претставува спој на искуство и млади кадри. Секретарските позиции остануваат кај актуелниот генерален секретар и еден од организациските секретари.
-
La Linea v14
699 ден
524.25 ден
Филипче најави и формирање на два нови тела: Совет на партијата, чија цел е да привлече слободоумни интелектуалци и граѓански организации, и специјален Антикорупциски тим составен од млади истражувачи за разоткривање на коруптивни шеми. Тој порача дека СДСМ е подготвен да стави крај на политиката на изолација, криминалот и, како што рече, „проектот мигранти за пари“, со цел да ја врати власта во рацете на граѓаните.


