
Претседателот на САД, Доналд Трамп, драстично го ескалираше конфликтот со Венецуела, наредувајќи блокада на сите санкционирани нафтени танкери и прогласувајќи ја владата на Николас Мадуро за терористичка организација.
Во објава на „Truth Social“, тој побара враќање на „украдената нафта и земјиште“ (алудирајќи на национализацијата од 2000-тите) и се закани со зголемување на американската флота на Карибите, па дури и со копнени операции.
-
Верувај во себе
699 ден
524.25 ден
Владата на Венецуела остро реагираше, обвинувајќи го Трамп за кршење на меѓународното право и „ирационален обид“ за грабеж на националното богатство, најавувајќи дека случајот ќе го изнесе пред ОН. Тензиите во регионот се веќе високи, бидејќи САД под изговор на борба против трговија со дрога, во последниве месеци уништиле повеќе бродови, при што загинале најмалку 95 лица.


