
Дваесет пожарникари во борба со огнената стихија
Центарот за управување со кризи (ЦУК) брзо алармираше за инцидентот, информирајќи дека огнената стихија зафатила објект лоциран на булеварот „Александар Македонски“ број 67. Поради високата запаливост на материјалите кои се складираат во објектот, противпожарните служби веднаш биле мобилизирани.
„Во 17:10 часот на терен се излезени екипи на Бригадата за противпожарна заштита со шест противпожарни возила и 20 пожарникари“, соопштија од ЦУК.
Пожарот сè уште е активен
Според последните информации од надлежните институции, пожарот сè уште не е локализиран и официјално се води како активен. Противпожарните екипи прават максимални напори за да го стават под контрола и да спречат негово ширење кон околните објекти.
Граѓаните кои живеат или се движат во овој дел од градот се советуваат на внимателност поради густиот чад предизвикан од согорувањето на хемиските материјали.
-
La Linea v16
699 ден
524.25 ден -
Јога шимпанзо
699 ден
524.25 ден -
La Linea v6
699 ден
524.25 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
524.25 ден -
Вонземјанин
699 ден
524.25 ден -
La Linea v14
699 ден
524.25 ден







