
Тешко вооружени полициски единици во камуфлажни униформи денеска претворија дел од Сиднеј во „воена зона“, апсејќи седум мажи под сомнение дека планирале насилен чин.
Акцијата се одвивала во предградието Ливерпул, каде тактичките тимови со теренски возила („ленд крузер“) намерно удриле и блокирале бел автомобил за да ги запрат осомничените. Снимките од местото на настанот покажуваат како полицајците со автоматски пушки ги држат мажите на земја.
-
Добро утро
699 ден
524.25 ден
Иако официјално полицијата на Нов Јужен Велс изјави дека „засега не е утврдена директна врска“ со неодамнешниот терористички напад на плажата Бонди, локалните медиуми пренесуваат разузнавачки информации дека групата патувала од Мелбурн со намера да стигне токму до Бонди. Апсењето е опишано како мерка на претпазливост во период на високи тензии, а уапсените во моментов соработуваат со истрагата.


