Европа се соочува со потенцијална здравствена криза откако во Унгарија се појави болеста шап и лигавка, која не е регистрирана во земјата повеќе од 50 години.

Како мерка на претпазливост, Австрија и Словачка веднаш ги затворија своите граници кон Унгарија, соопштија светските медиуми.
-
La Linea v12
699 ден
524.25 ден
Илјадници грла добиток се колат во Унгарија во обид да се спречи ширењето на вирусот. Унгарскиот владин портпарол Гергели Гуљас изјави дека постои сомнеж дека болеста можеби е „вештачки конструирана“ и не ја исклучи можноста за биолошки напад. „Во оваа фаза, можеме да кажеме дека не се исклучува можноста вирусот да не е од природно потекло, можеби имаме работа со вештачки конструиран вирус“, рече Гуљас, без да посочи на можни виновници.
Според информациите, унгарските власти за ветеринарство извршиле инспекција на речиси 1.000 фарми и потврдиле присуство на шап и лигавка на четири локации. Гуљас додаде дека сомнежот за вештачко потекло на вирусот се базира на информации добиени од странска лабораторија, но дека овие наоди сè уште не се целосно потврдени.


