
Започнуваат Велигденските пости – период на духовно прочистување и воздржување
Од денеска започнуваат Велигденските пости, најдолгиот и најстрог пост во православната традиција. Великиот пост трае седум недели и завршува ден пред Велигден, кој оваа година се празнува на 12 април.
-
Вонземјанин
699 ден
524.25 ден
Иако постот трае 48 дена, се нарекува Четириесетница, симболизирајќи ги 40-те денови што Христос ги поминал во пустината како подготовка за својата жртва.
Историски развој на постот
Велигденскиот пост првпат се спомнува кон крајот на II век, кога траел само три дена. Во III век веќе се бележи седумдневен пост, а во IV век се оформува 40-дневна форма. Сегашната структура на постот е утврдена во V век.
Правила и духовна суштина
Постот подразбира воздржување од месо, млеко, јајца и производи од животинско потекло, а во одредени денови и од масло и вино. Риба се дозволува на Благовештение и Цветници, а на Лазарева сабота е дозволена икра.
Некои верници првите три дена, познати како тримери, ги поминуваат без храна, но тоа не е задолжително правило.
Сепак, суштината на постот не е само во исхраната. Тој претставува време на покајание, молитва и внатрешно преиспитување. Верниците се повикуваат да се воздржат од гнев, осудување и лоши зборови, и да покажат повеќе љубов, трпение и милосрдие.
Целта на постот е духовна преобразба – доброто да стане навика и начин на живот.


