
Колона граѓани облечени во црно денеска маршираше низ Кочани во знак на жалост за 60-те жртви од пожарот во дискотеката „Пулс“.
По еден час мирен марш, проследен со солзи и лелек, една мајка на загината девојка застана пред судот и со болка во гласот го постави прашањето кое ги мачи сите: „Кој го уби мојот ангел, кој го уби мојот херој, кој ги пеплоса тие ангелски лица?“
Нејзините зборови беа упатени кон правосудните институции, од кои таа бара одговор за трагедијата која го потресе Кочани и целата држава.
Таа порача дека ќе чека правда за нејзината ќерка, која не успеа да се спаси од пеколот во дискотеката, како и за сите други млади луѓе кои ги загубија животите.
View this post on Instagram
Маршот на тагата беше спонтан собир на граѓани кои ги оплакуваат своите сограѓани, роднини и пријатели. Тие бараат одговорност и правда за трагедијата која однесе толку многу млади животи и го зави во црно градот.
-
Насмевката на музиката
699 ден
524.25 ден -
La Linea v16
699 ден
524.25 ден -
La Linea v2
699 ден
524.25 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
524.25 ден -
Бетмен силуета
699 ден
524.25 ден -
La Linea v9
699 ден
524.25 ден







