во

ЛДП ОБВИНУВА: Владата со пари на граѓаните создаде опасен монопол на скопскиот аеродром!

Либерално-демократската партија (ЛДП) упати остри критики до Владата, обвинувајќи ја дека со пари на даночните обврзници финансира тотален монопол на скопскиот аеродром. Наместо ветената диверзификација и конкуренција, државата дозволи една унгарска нискобуџетна компанија да контролира над 60 проценти од пазарот.

Според опозициската партија, ваквата политика е погубна и директно доведува до вистински егзодус на реномираните европски и традиционални превозници од македонскиот пазар. „Државните средства се користат за одржување на состојба во која граѓаните остануваат без вистински избор за патување, додека цените на билетите остануваат неконкурентни,“ реагираат од ЛДП.

Скопје како негативен преседан во регионот

Супер Попуст -25%

Тие потенцираат дека ниту еден друг главен град во регионот не би си дозволил да се доведе во ваква монополска опасност. Приштина, Тирана, Софија, Сараево, па дури и поголемите центри како Белград и Атина, го штитат својот пазарен плурализам и имаат вистинска диверзификација каде што конкуренцијата ги намалува цените за патниците.

„Регионалните соодноси јасно ја покажуваат погубноста на оваа домашна политика: Приштина има повеќе патници од Скопје и ниту еден превозник нема над 28 проценти удел, додека Софија и Тирана преку конкуренција меѓу Визер и Рајанер обезбедија реален пад на цените на картите.“

Барање за итен прекин на штетната пракса

Македонија, додаваат од ЛДП, е претворена во осамен остров и единствен негативен пример во соседството каде државата финансира пропаднат сообраќаен модел. Според нив, прелевањето на парите на граѓаните кај еден повластен монопол во Унгарија е исклучително опасно и мора веднаш да биде спречено. Партијата бара итно воспоставување на реална пазарна конкуренција за да се обезбеди повисок квалитет и пониски цени во авионскиот превоз.

Погледнете уште

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

МУЦУНСКИ ВО ИЗРАЕЛ: Потпишани клучни договори за економија, образование и одбрана!

ТРАГЕДИЈА ВО ТЕТОВО: Татко со џип во рикверц го прегази сопствениот 6-годишен син!