
Русија и Катар повикаа на итен прекин на воените дејствија и враќање на дипломатскиот процес по нападите врз Иран
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров телефонски разговараше со катарскиот премиер и министер за надворешни работи, шеикот Мохамед бин Абдулрахман Ал Тани, во врска со актуелната безбедносна состојба.
Апел за деескалација
-
La Linea v27
699 ден
524.25 ден
Според соопштението на руското МНР, двајцата соговорници повикале на запирање на сите воени активности што би можеле дополнително да го дестабилизираат регионот.
Враќање кон дипломатијата
Во разговорот бил нагласен консензусот за потребата од итно обновување на политичкиот и дипломатскиот процес меѓу САД, Израел и Иран, врз основа на принципите на Повелбата на ОН и Договорот за неширење на нуклеарно оружје.


