во ,

10-ГОДИШНАТА ЕВА СЕ БОРИ СО АГРЕСИВЕН КАРЦИНОМ: СЕМЕЈСТВОТО БАРА ПОМОШ

Десетгодишната Ева се соочува со агресивна форма на остеосарком, редок и сериозен малиген тумор на коските, за кој е потребен итен и долготраен третман

Семејството информира дека дијагнозата е високостепена и дека болеста бара специјализирана медицинска грижа која не е достапна во земјава. Поради тоа, Ева моментално се лекува во клиника во Минхен, Германија, каде ја поминува последната фаза од дијагностиката.

Третман во три фази

Супер Попуст -25%

Според планот на лекарите, третманот ќе се одвива во три клучни фази: околу два месеци интензивна хемотерапија, хируршко отстранување на туморот и дополнителни шест месеци хемотерапија. Лекарите нагласуваат дека времето е критичен фактор во оваа борба.

Повик за солидарност

Собраните средства ќе бидат наменети за покривање на трошоците за лекување во Германија. Семејството упатува апел до јавноста за поддршка и донации, со цел Ева да ја добие неопходната медицинска грижа и шанса за закрепнување.

Средствата се наменети за покривање на трошоците за медицинското лекување во Германија. Донации за помош на малата Ева може да се дадат на следниот линк.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

СКАНДАЛ ВО БАНСКО: Туристи нападнати на ски-патеките

МОСКВА И ДОХА СО АПЕЛ: Итно запирање на воените дејствија