
Иако во нашите краишта сè уште поретко се среќава на пазарите, низ Медитеранот – во Италија, Шпанија и Франција – таа е редовен гостин на трпезите. Всушност, она што се јаде воопшто не е класичен зеленчук, туку сочната, неотворена цветна пупка на овој боцкав цвет.
Мелем за црниот дроб по тежок оброк
-
La Linea v6
699 ден
524.25 ден
Ако често чувствувате тежина во стомакот по јадење, подуеност или ве мачи „мрзлива“ жолчка, одговорот лежи во листовите и срцевината на ова растение. Во него се наоѓаат моќни растителни соединенија како цинарин и силимарин, кои го поттикнуваат црниот дроб да произведува повеќе жолчка, со што мастите од храната се разложуваат многу побрзо и полесно. Кога црниот дроб работи правилно, полесно ги исфрла сите наталожени токсини од вашето тело.
„Научните истражувања покажале извонредни резултати: лицата кои користеле екстракт од лист од артичока во текот на шест недели забележале пад на нивото на холестерол за дури 18%.“
Други клинички студии потврдуваат дека редовната употреба помага и при снижување на триглицеридите во крвта, па така ги чува крвните садови и му ја олеснува работата на срцето.
Чувар на линијата и шеќерот во крвта
Артичоката е во самиот врв меѓу зеленчукот по количеството на растителни антиоксиданси. Во една варена пупка добивате дури 10 грама диетални влакна. Особено е богата со инулин, вид на растворливи влакна кој делува како природен пребиотик кој ги храни добрите бактерии во цревата и спречува запек. Доколку ве мачат грчеви, гасови или синдром на нервозни црева, оваа билка го доведува варењето во ред.
Една покрупна пупка содржи само 76 калории, но изобилува со магнезиум, калиум, витамин Ц, витамин К и витамини од Б комплексот.
Како се избира и подготвува?
При купување на артичока, обрнете внимание надворешните ливчиња да бидат цврсти, месести и затворени, а стебленцето да има природна зелена боја без темни дамки. Најпопуларен начин на подготовка е варење на пареа (20-40 минути), но може да се пече и во рерна на 180 степени. Откако ќе се свари, се отстрануваат надворешните листови и „влакнестиот“ внатрешен дел за да се стигне до највкусното – мекото и сочно срце на артичоката.
Важна напомена
Бидејќи артичоката силно го поттикнува лачењето и движењето на жолчката, лицата кои имаат камен во жолчката или затнати жолчни патишта не би требало да користат чај и силни екстракти без консултација со лекар. Исто така, потребна е претпазливост кај лица склони кон алергии на растенија од истото семејство (невен, камилица, сончоглед).


