
Лекарите, инженерите и другите висококвалификувани и барани експерти забрзано го напуштаат Израел, и тоа речиси двојно повеќе отколку пред само пет години. Со овој драматичен тренд, Израел по многу децении од земја на имиграција се претвора во земја на емиграција, пренесува угледниот „Фајненшл тајмс“.
Промена на трендот и одлив на мозоци
-
Петок
699 ден
524.25 ден
Истражувањето на израелската даночна администрација покажува дека стапката со која богатите Израелци ја напуштаат земјата нагло се зголемила во 2023 и 2024 година, достигнувајќи рекордно ниво. Темпото на емиграција кај богатите слоеви на општеството рапидно расте, додека кај помалку богатите слоеви стапката на заминување е речиси непроменета.
Анализата на приходите на емигрантите открива шокантен податок: до 2019 година, оние кои го напуштале Израел заработувале просечна сума на пари, додека денес најмногу заминуваат оние кои заработуваат околу 50 проценти повеќе од државниот просек.
Значителен удар врз економијата
Експертите предупредуваат дека ненадејното заминување на висококвалификувани работници може да предизвика стравичен пад на даночните приходи, проценет на околу 3,5 милијарди долари годишно.
„Овој тренд може да се претвори во спирален ефект што е многу тешко да се промени. За земја каде што најбогатите 20 проценти плаќаат дури 92 проценти од сите даночни приходи, заминувањето на најбогатите е катастрофален удар,“ предупредува Итаи Атер, професор по економија на Универзитетот во Тел Авив.
Технолошкиот сектор, кој е целосно зависен од човечкиот капитал, сочинува околу 20 проценти од израелскиот БДП, повеќе од половина од вкупниот извоз и една третина од даночните приходи од платите на вработените. Доколку овој егзодус продолжи, долгорочните стратешки интереси и стабилноста на Израел ќе бидат сериозно загрозени.


