
Опасниот вирус кој се пренесува преку каснување од заразен комарец, сезонава за првпат е детектиран и кај жител на скопско Арачиново.
Идеални услови за размножување на комарците
-
La Linea v1
699 ден
524.25 ден
Според епидемиологот Љуљзиме Бајрами од Центарот за јавно здравје – Скопје, во ова подрачје постојат идеални услови кои во голема мера придонесуваат за неконтролирано размножување на комарците, како што се канали, базени и застојани води.
Статистиката покажува дека најголем број од случаите досега се регистрирани во општините Кисела Вода и Аеродром, при што речиси половина од сите случаи се директно поврзани со населбата Драчево.
„Во иднина дезинсекцијата треба да започнува многу порано. Потребно е да се анализира ефикасноста на средствата што се користат против комарците, односно да се утврди дали постои отпорност кај нив и, доколку е потребно, да се применат други посилни препарати,“ посочува Бајрами.
Два смртни случаи и прогласена епидемија
Во Македонија досега се регистрирани и два смртни случаи поврзани со западнонилската треска. Станува збор за пациенти на возраст од 72 и 83 години, кои покрај инфекцијата со вирусот имале и повеќе хронични заболувања кои дополнително ја влошиле нивната клиничка слика.
Поради континуирано зголемениот број на случаи, Центарот за јавно здравје – Скопје на 12 август официјално прогласи епидемија на западнонилска треска во повеќе скопски општини и населби. Мерката ги опфаќа општините Кисела Вода, Гази Баба, Аеродром, Бутел и Илинден, како и населените места Драчево, Пржино, Долно Лисиче, Кадино и Јурумлери.


