
До 7:30 часот утрово на територијата на Македонија биле регистрирани вкупно 23 пожари на отворен простор, информира Центарот за управување со кризи.
-
Петок
699 ден
524.25 ден
Од нив, еден пожар е активен, два се ставени под контрола, додека 20 се целосно изгаснати.
Активен пожар во Грешница
Единствениот активен пожар е во месноста Стојанова Населба во селото Грешница, Општина Македонски Брод.
Според информациите од ЦУК, огнот зафатил ниска вегетација, деградирана шума и грмушки.
Под контрола пожарите во Делчево и Паталишта
Под контрола е ставен пожарот на депонијата во Делчево, како и пожарот во гостиварското село Паталишта.
Во Паталишта биле зафатени ниска вегетација и нискостеблеста шума.
Изгаснати 20 пожари низ државата
ЦУК соопшти дека во меѓувреме се изгаснати уште 20 пожари на отворено во повеќе општини:
- Босилово: село Моноспитово – ниска вегетација
- Валандово: село Севенендекли – мешана шума
- Богданци: меѓу Селимли и Стојаково – дива депонија
- Гостивар: покрај автопатот Гостивар – Тетово – ниска вегетација
- Желино: село Фалиште – ниска вегетација
- Брвеница: село Теново – ниска вегетација
- Гази Баба: улица Перо Наков б.б. – ниска вегетација
- Гази Баба: населба Гоце Делчев – ниска вегетација
- Неготино: село Дуброво – ниска вегетација
- Сарај: село Кондово – ниска вегетација
- Карбинци: село Крупиште – стрниште
- Штип: село Караорман – депонија
- Чешиново-Облешево: село Уларци – стрниште
- Ново Село: Ново и Старо Коњарево – стрниште
- Кривогаштани: село Блато, атар на Врбјани – ниска вегетација и стрниште
- Струга: село Долна Белица – депонија, стрниште и деградирана шума
- Македонски Брод: село Ореовец – ниска вегетација
- Куманово: село Лопате – ниска вегетација
- Тетово: меѓу селата Селце и Ларце – ниска вегетација
- Долнени: село Бело Поле – ниска вегетација
Според утринскиот пресек на ЦУК, најголем дел од пожарите што биле регистрирани на отворен простор се веќе изгаснати.
-
La Linea v27
699 ден
524.25 ден -
Насмевката на музиката
699 ден
524.25 ден -
Кафе пауза на месечината
699 ден
524.25 ден -
La Linea v1
699 ден
524.25 ден -
La Linea v8
699 ден
524.25 ден -
La Linea v5
699 ден
524.25 ден








