
Според најновите метеоролошки најави, денот ќе биде претежно сончев и екстремно топол. Сепак, во попладневните часови, особено во планинските региони, се очекува развој на нестабилна облачност која ќе донесе локален пороен дожд и грмежи. Ветерот ќе биде слаб до умерен, претежно од западен и северозападен правец, додека минималните температури се движат од 13 до 21 степен.
Скопје гори пред промената на времето
-
Насмевката на музиката
699 ден
524.25 ден
Жителите на главниот град денеска ќе се соочат со вистинска тропска горештина. Минималната утринска температура во Скопје се спушти до 20 степени, додека дневниот максимум се очекува да се искачи до вртоглави 40 степени. Времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и слаб северозападен ветер.
„Според најавите од УХМР, од утре и во наредните денови се очекува постепено опаѓање на температурите, но попладневните часови ќе носат локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.“
Опасност од град и силен ветер
Топлотниот бран постепено ќе попушта, но ќе биде заменет со сериозни метеоролошки предизвици. Метеоролозите предупредуваат дека во наредните денови наместа ќе има услови за вистинско невреме, проследено со силен ветер и појава на град. Граѓаните се советуваат на максимална внимателност, да избегнуваат директно изложување на сонце во најтоплите часови и да ги следат редовните предупредувања.


