во ,

РАКЕТЕН ХАОС ВО ЗАЛИВОТ: Погоден аеродромот во Кувајт, пожар во Дубаи

Во нов бран на ескалација во регионот, пријавено е дека е погоден аеродромот во Кувајт, додека во Дубаи избувна пожар пред луксузен хотел

Супер Попуст -25%

Ситуацијата следува по размената на напади меѓу САД, Израел и Иран. Според достапните информации, ракетни проектили и остатоци од пресретнати цели паднале во повеќе делови од регионот, предизвикувајќи штета на инфраструктурата.

Пожар пред „Фермонт Палм“

Пожар избувнал пред хотелот „Фермонт Палм“ во Дубаи, а според медиумски извештаи, можно е да бил предизвикан од паднати остатоци за време на ракетните напади. Надлежните служби интервенирале на местото на настанот, а засега нема официјални информации за повредени.

Регион во висока готовност

Израелските воздухопловни сили продолжуваат со напади врз ирански ракетни позиции, додека Техеран најавува нови удари врз американски цели во регионот. Безбедносната состојба останува крајно напната, а воздушниот сообраќај во повеќе земји е сериозно нарушен.

Сподели:
Есенски Попуст -25%

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

ПОЧИНА ПРОФ. Д-Р ВЛАДО ЈАНЕВСКИ: Голема загуба за македонската медицина

НЕЈАСНА СУДБИНА: Иранскиот министер тврди дека Хамнеи е жив